Услови за користење

Последно ажурирано: April 2026

Важно известување

Digitermin го управува РЕТРОСПЕКТИВА ДОО. Со креирање сметка, плаќање план или користење на платформата, вие ги прифаќате овие Услови и правилата за приватност и колачиња. Овие услови се правно обврзувачки за сите корисници и организации.

1. Општи услови за користење

1.1. Предмет на услугата

Digitermin обезбедува комплетно решение за дигитална трансформација на вашиот бизнис:

  • Софтвер за резервации и термини (SaaS): Целосна платформа за управување со резервации, термини и закажувања
  • Управување со клиенти: CRM функционалности за следење и менаџирање на клиентски податоци
  • Техничка поддршка: Континуирана поддршка за сите корисници на платформата
  • Персонализации (по договор): Прилагодување на системот според специфичните потреби на вашиот бизнис

1.2. Почеток и траење на договорот

Договорниот однос започнува со регистрација на сметка и/или активирање платена претплата. Претплатите автоматски се обновуваат по циклус на наплата, освен ако не се откажат пред следното обновување. За custom проекти, интеграции или enterprise решенија важи посебен писмен договор.

1.3. Плаќање и доцнење

Претплатите на платформата се наплаќаат автоматски преку платежниот провајдер со методот зачуван во billing панелот. Рачни плаќања не се прифаќаат за стандардни планови.

Неуспешна наплата или 7 дена доцнење

Ако автоматската наплата не успее, ќе направиме повторни обиди и известување. По 7 дена неплаќање пристапот може да биде ограничен.

14+ дена неплатено

Ако обврските останат неплатени 14 дена, може да следи суспензија или раскинување на услугата и offboarding. Податоците може да се избришат по истек на периодот за чување, освен ако закон налага подолго чување.

1.4. Цена и промени

  • Објавените цени важат за self-serve планови и се наплаќаат автоматски преку billing панелот. Банкарски, картични и провајдерски трошоци се на товар на клиентот.
  • Digitermin може да ажурира цени или лимити на план со претходно известување. Продолжено користење по стапување во сила значи прифаќање на новите услови.

1.5. Обврски на клиентот

Со користење на нашата платформа, клиентот се обврзува:

  • Да користи точни и веродостојни податоци при регистрација и користење
  • Да не внесува незаконски, навредливи или штетни содржини
  • Да не дозволи трета страна да користи ист акаунт без претходна согласност
  • Да го користи софтверот во согласност со законите на Република Северна Македонија

1.6. Обврски на провајдерот (Digitermin)

Digitermin се обврзува:

  • Да обезбеди функционална, сигурна и оперативна платформа
  • Да обезбеди техничка поддршка за сите корисници
  • Да ги чува податоците согласно законската регулатива
  • Да не ги продава ниту споделува податоците со трети страни

1.7. Ограничување на одговорност

  • Digitermin не е одговорен за загубена добивка или индиректни штети
  • Digitermin не е одговорен за грешки предизвикани од клиентот или негови вработени
  • Digitermin не гарантира 100% uptime, но се стреми кон максимална достапност на системот
  • Digitermin не е одговорен за злоупотреба од страна на вработени на клиентот

1.8. Политика за рефундации

Стандардните претплатнички наплати, по правило, не се рефундираат откако ќе започне наплатниот период, освен кога тоа е законски задолжително или кога е потврдена дупла/погрешна наплата. Откажувањето стопира идни обновувања и не рефундира веќе изминат период. Исклучоци се одобруваат само во документирани случаи и по дискреција на Digitermin.

1.9. Поддршка

Канали: Email, телефон, социјални мрежи
Време за одговор: До 24 часа

1.10. Интелектуална сопственост

Системот, дизајнот, изворниот код, корисничкиот интерфејс и сите функции се исклучива сопственост на Digitermin.

Клиентот нема право да копира, клонира, преработува или дистрибуира било кој дел од системот без писмена согласност.

1.11. Поништување и раскинување

Digitermin може да суспендира или раскине пристап во следните случаи:

  • Повторени неуспешни наплати или неплаќање над 14 дена
  • Повреда на закон, овие Услови, или правила на трети провајдери
  • Измама, злоупотреба на chargeback, безбедносен инцидент или злоупотреба на платформата

2. Политика за приватност

2.1. Какви податоци собира Digitermin

Digitermin ги собира и обработува само податоците неопходни за испорака, безбедност и подобрување на услугата, вклучувајќи:

Контакт информации: Име, презиме, е-пошта, телефон
Деловни информации: Име на фирма, тип на бизнис
Комуникација: Пораки испратени преку email/контакт форма/смс
Технички податоци: IP адреса, тип на прелистувач, уред, безбедносни логови
Податоци за користење: историја на најава, користење функции, активности и грешки

2.2. Правна основа за обработка

  • Ваша согласност: Кога доброволно ни ги давате вашите податоци
  • Договорна обврска: За исполнување на договорените услуги
  • Легитимен интерес: За подобрување на нашите услуги
  • Законска обврска: Кога е законски потребно

2.3. Како Digitermin ги користи податоците

Контакт и комуникацијаДостава на услугиНаплата, фактурирање, животен циклус на претплата и платежна поддршкаПодобрување на системот, квалитет и аналитикаБезбедност, спречување измами, злоупотреби и правна усогласеност

2.4. Споделување со трети страни

Digitermin не продава лични податоци и не чува целосни броеви на платежни картички на сопствени сервери.

Податоци може да се споделат само кога е неопходно со:

  • Хостинг, инфраструктурни и комуникациски провајдери (за работа на платформата)
  • Платежни процесори и финансиски партнери (за безбедна обработка на претплати)
  • Надлежни органи, ревизори или советници кога е законски задолжително или за заштита на правни права

2.5. Чување на податоци

Податоците за сметка и услуга се чуваат за време на активниот договор и дефиниран пост-договорен период потребен за поддршка, сметководство, спречување измами и законска усогласеност. По овој период податоците се бришат или анонимизираат, освен ако законот бара подолго чување.

2.6. Ваши права

Право на пристап: Пристап до вашите податоци
Право на корекција: Исправка на неточни податоци
Право на бришење: Бришење на вашите податоци
Право на ограничување: Ограничување на обработка
Право на приговор: Приговор на обработка
Право на преносливост: Пренос на податоци

3. Договорни правила за заштита

3.1. Аванс за персонализации

Custom модули, custom верзии, интеграции, миграции и проектна работа бараат посебно дефиниран писмен scope, рокови и динамика на плаќање. Стандардните self-serve правила за наплата не ги заменуваат custom договорите.

3.2. Нема одложување без причина

Ако клиентот не достави материјали, текстови или податоци на време, роковите автоматски се продолжуваат и Digitermin не сноси одговорност за доцнењето.

3.3. Суспензија при неплаќање

По неуспешни обновувања / 7 дена доцнење -> можно ограничување или суспензија
По 14 дена доцнење -> можно раскинување и започнување offboarding

3.4. Забрана за штетни активности

Клиентот не смее да:

  • Пробива или хакнува систем
  • Манипулира со податоци на неовластен начин
  • Користи системот за незаконски активности
Ако се открие злоупотреба → веднаш раскинување и правни последици

3.5. Ограничена гаранција

Digitermin не гарантира дека системот ќе биде 100% без грешки, но се обврзува да ги поправи сите пријавени грешки во разумен временски рок.

3.6. Забрана за јавна клевета

Корисникот се обврзува најпрво да се обрати до поддршката за решавање на евентуални проблеми, пред јавно објавување на информации што може да му наштетат на угледот на услугата, освен кога тоа е во рамки на законски дозволена слобода на изразување.

Контакт информации

РЕТРОСПЕКТИВА ДОО (тргува под име Digitermin)

РЕТРОСПЕКТИВА ДОО Радовиш ЕДБ 4023025514526 ЕМБС 7888376 8-МИ СЕПТЕМВРИ бр.22, РАДОВИШ, Република Северна Македонија

За прашања во врска со услови, наплата, рефундации, приватност, колачиња или обработка на податоци, контактирајте нè:

Е-пошта
info@digitermin.com
Локација
Radoviš, North Macedonia

Прифаќање на условите

Со користење на услугите на Digitermin, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и прифатиле овие Услови, Политиката за приватност и Политиката за колачиња. Овие документи претставуваат правно обврзувачки договор помеѓу вас и РЕТРОСПЕКТИВА ДОО (Digitermin).